Озлогласениот фудбалски убиец ќе тренира в затвор и ќе добива излез за да оди на натпревари

Поранешната голема голманска надеж на бразилскиот фудбал, Бруно Фернандеш кој е осуден на 21 година затвор за бруталното убиство на неговата девојка добива шанса да му се врати на спортот.

Некогашниот голман на Атлетико Минеиро, Коринтијанс и на Фалменго потпиша двегодишен договор со нисколигашот Пакош де Калдеса. Тој ќе тренира в затвор, а во деновите на натпреварите ќе му биде дозволен излез во траење од шест до 21 час.

Во 2010 година, Фернандеш ја киднапирал неговата девојка Елза Самудо, ја убил, ја распарчил на делови и потоа со остатоците ги нахранил кучињата. По тригодишна истрага полицијата го уапси, а тој ја призна вината.

Феранадеш и пред две години се обиде да се врати во фудбалот, со Боа Еспорте потпиша договор кој сепак беше раскинат поради незадволсто на навивачите и на псонзорите.

Се вчитува...