Македонските репрезентативци денеска со собирот во хотелот „Хилтон“ во Скопје го означија официјалниот почеток на подготовките за двата јунски натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Украина (16. јуни во Скопје) и против Англија (19. јуни во Манчестер).
Денеска, во однос на оние фудбалери кои одработуваа тренинзи изминатава недела, се приклучија плус Енис Барди, Илија Несторовски и Јован Манев а последни, на 12. јуни, ќе се приклучат Аријан Адеми, Езџјан Алиоски и Дени Илиев.
Репрезентативците денеска под водство на Благоја Милевски го одработија и првиот тренинг. Од утре се стартува со двојни тренинзи низ подготовките за мечот со Украинците.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА