Означен стартот на пролетниот дел од пинг понгарската сезона

Викендов стартуваа пинг-понгарските возбудувања во пролетниот дел од сезоната. Вчера во Крива Паланка во салата Бранители 2001, натпреварувачите во рамките на јуниорската лига официјално го означија почетокот на пролетниот дел од сезоната 2020/21. На програмата беа финалните натпревари од Јуниорската лига од есенскиот дел, натпревари кои беа одложени поради ковид пандемијата. Најуспешни во јуниорска конкуренција беа домаќините од пинг понгарскиот клуб Крива Паланка, кои победија во машка и во /енска конкуренција. Додека во женска конкуренција домашната екипа важеше за изразит фаворит, во машка конкуренција фаворитот Крушево пропушти водство од 2:0 во добиени натпревари и 2:0 во сетови во одлучувачкиот натпревар за на крај да загубат со 3:2, предавјќи го одлучувачкиот петти натпревар.

Конечен Пласман Јуниорска лига
Јуниори
1. Крива Паланка
2. Крушево
3. Винспин
4. Младост 96 – 2
5. Астраион мега спин
6. Куманово
7. Рисови
8. Шампион ФА
9. Градба промет
10. Зегин Берово
Јуниорки
1. Крива Паланка
2. Крушево
3. Зегин Берово
4. Рисови
5. Астраион мега спин

Денес во Скопје во СЦ Борис Трајковски во малата сала на А1 Арена својот старт на натпреварите го имаа и сениорите. Екипите кои се натпреваруваат во елитата, Супер лигата во пинг понг ги одиграа натпреварите од 10 коло. Екипите кои беа фаворити извојуваа победи, екипата на Младост 96 над градскиот ривал Младост, и двете екипи од Прилеп славеше со 4:1 и се издвои на првото место на табелата со 2 победи од Младост и Шампион ФА од Штип, кои го искористија поразот на Младост и поради подобриот скор на добиени и изгубени натпревари сега се второпласирани. Во супер лигата ни претстои интересна пролет, бидејќи пет екипи се со исти шанси за пласман од четвртото до осмото место.

Резултати Супер лига Х коло
Работнички – Телеком Нец 4:2
Вардар – Шампион ФА 2:4
Струга – Телеком Нец 2 одложена
Младост – Младост 96 1:4
Радовиш – Крива Паланка 2007 4:0

 

Се вчитува...