Шпанскиот прволигаш Валенсија планира да се засили од редовите на Арсенал. Раководството на клубот посакува да го ангажира Френсис Кокелан, фудбалерот за врска кој оваа сезона речиси и да не добива шанса за настап во составот на Арсен Венгер. „Лилјаците“ се подготвени да платат 12 милиони фунти и да го доведат Кокелан на „Месталја“.
Самиот фудбалер исто така да си замине од Арсенал. Главната причина е јасна, малата минутажа, па Французинот бара средина каде ќе се врати во натпреварувачки ритам, надевајќи дека ќе се наметне и за место во репрезентацијата на Франција за претстојниот мундијал во Русија.
Валенсија игра одлично во Ла Лига во тековниот шампионат и се наоѓа на третата позиција и секако сака да издржи до крај во трката за пласман во Лигата на шампионите. Во моментов, овој тим има 11 бода негатива во однос на лидерот Барселона, а заостанува два бода зад второпласираниот Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА