Пабло Ескобар на трибините во Полска – „Топка или олово“ (ВИДЕО)

Од Полска стигнува многу необична кореографија од навивачите на Лех Познан. Полска е една од ретките земји во кои е дозволено присуство на навивачи на стадионот, секако, со ограничен капацитет. Дуелот меѓу Лех и Легија, а на трибините беше посебно интересно.

Имено, воочи самиот почеток на мечот домашните навивачи приредија визуелен спектакл, а доминираше ликот на најпознатиот „нарко-бос“ Пабло Ескобар. Многумина пораката упатена кон фудбалерите „топка или олово“ ја сфатија како закана за фудбалерите на Лех. Среќа на крајот клубот од Познан триумфираше со 2-1.

 

Се вчитува...