Пабло Ласо доби отказ од Басконија, познат и неговиот наследник

Искусниот шпански стратег Пабло Ласо (57) повеќе не е тренер на Басконија, објави клубот.

Него ќе го наследи италијанскиот стратег Паоло Галбијати, кој веќе потпиша двегодишен договор со евролигашот. Тој доаѓа од Тренто, со кого минатата сезона го освои четвртото место во италијанската лига.

Ласо минатата сезона потпиша тригодишен договор со Басконија, но си замина по една сезона, донекаде неочекувано, иако веќе се шпекулира дека по Евробаскетот ќе седне на клупата на шпанската репрезентација.

Шпанските медиуми објавуваат дека Ласо треба да ја преземе репрезентацијата од Серџо Скариоло, кој го презеде Реал ова лето.

„Тренерот роден во Виторија повеќе не е тренер на Басконија. Клубот одлучи да направи промена на клупата и Пабло Ласо го завршува својот мандат на клупата. Клубот му се заблагодарува за неговата посветеност и професионализам за време на неговиот престој на клупата на тимот и му посакува се најдобро во неговиот понатамошен живот и кариера. Ти благодариме многу, Пабло“, објави клубот од Виторија.

Се вчитува...