Пабло Ласо и во следните две години ќе биде предводник на Реал Мадрид откако „кралскиот клуб“ и шпанскиот стратег ја продолжија соработката. Ласо оваа сезона го извади максимумот од својот тим и покрај сите проблеми со ростерот и заминувањата на клучните играчи, завршувајќи ја сезоната во Евролигата во четвртфиналето и финалето на АЦБ лигата.
Шпанецот е дел од Реал Мадрид од 2011 година и со екипата освои 20 трофеи oд кои два во Евролигата и пет во шпанското првенство.
„Реал Мадрид и тренерот Пабло Ласо постигнаа договор за продолжување на соработката до летото 2023 година“, стои во официјалното соопштение на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА