Американката Линдзи Вон падна на крајот на денешниот тренинг во спуст во Кортина д’Ампецо, по што се врати на нозе и успеа да стигне до целта на патеката Олимпија дела Тофане.
Освојувачката на четири големи кристални глобуси и осум мали за спуст (од вкупно 16) веднаш замина во медицинскиот шатор. По дополнителните прегледи таа изјави дека се е во ред и дека ќе ја видиме на стартот на спуст трката во италијанскиот ски-центар.
Прославената 40-годишна скијачка неодамна се врати во спортот по шестгодишна пауза, а се трка со имплант на колено од титаниум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА