Пад на македонските тенисери на новата АТП листа

Македонските тенисери Калин Ивановски и Горазд Србљак забележаа нов пад на последниот АТП ранкинг.

Падот на Ивановски е за осум места и најдоброрангираниот Македонец сега е на 795. позиција, додека со пад од 385 места Србљак се наоѓа на делба на позицијата 2167.

Во женската конкуренција пак Лина Ѓорческа не забележа промена во ранкингот и останува на 282. позиција во ВТА, додека Магдалена Стоилковска забелажа пад од една позиција и сега е на пласирана на 1426. место.

Се вчитува...