Пад за две места на Ѓорческа, скок на Стоилковска на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, забележа пад од две места на најновата ВТА ранкинг листа. Ѓорческа е сега 295-та светска тенисерка со 230 поени.

Магдалена Стоилковска, пак, забележа скок од четири места на најновата ВТА листа објавена утрово. Стоиулковска е сега 1319-та тенисерка на светот со шест поени.

Кај мажите, пак, Калин Ивнаовски остана на 1029-та позиција со 13 поени, додека Горазд Србљак забележа пад на листата за две места, односно на 1163-то место со девет поени.

Се вчитува...