Македонската фудбалска репрезентација претрпе пад од едно место на последниот ФИФА рејтинг за 2025 година. Сега Македонија е на 66 место на ФИФА листата, откако беше престигната од Јордан, која е 64. селекција во светот.
Македонија ја завршува годината со 1378.57 поени. Најдобриот ранкинг на Македонија оваа година беше во јули, кога беше на 62. позиција, а од тогаш има пад за четири позиции.
Македонскиот национален тим во март ја очекуваат дуели во баражот за пласман на Мундијалот. Најпрво гостување во Данска, а потоа ако победи, ќе се соочи со подобриот од мечот Ирска – Чешка.
Данска во моментов е на 21. место на ФИФА листата, додека Чешка е 44-та. Ирска е најслабо рангирана од нашите евентуални противници во баражот, и се најде на 59. место на ранкингот.
Нема промени во првите 10, односно Шпанија е првопласирана, па следуваат Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

