Поранешниот албански репрезентативец Игли Таре, седнува на директорската позиција во Милан. „Росонерите“ веќе добиле позитивен одговор од Албанецот, и само прашање на време е кога ќе се пресели на „Сан Сиро“.
Потврда на договорот помеѓу Таре и Милан се очекува во следните неколку дена, објавува „Газета“. Останува само финалните детали и потоа да се официјализира од страна на клубот.
Поранешниот напаѓач на албанската репрезентација и на Лацио, работеше како спортски директор во римскиот клуб од 2008 до 2023 година.
Милан од следната сезона ќе добие и нов тренер. Најсериозен кандидат во моментов е Маурицио Сари, а како можен кандидат се споменува и Масимилијано Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

