Аргентинскиот стручњак Кристијан Фабијани, ќе биде новиот тренер на Вардар. Тој ќе треба да ја преземе клупата на „црвено-црните“ од Гоце Седлоски по крајот на сезоната, со оглед дека сегашниот предводник на лидерот на табелата ќе продолжи на селекторската позиција.
Фабијани е веќе на пат кон Македонија, и во следните денови ќе треба да потпише двегодишен договор со најтрофејниот македонски клуб. Тој е поранешен фудбалер на Ривер Плејт и на Ланус. Како тренер работреше во Њуелс Олд Бојс.
Како фудбалер се пензионираше во 2020 година, а потоа беше тренер и на Феникс Де Пилар, Депортиво Риестра, Депортиво Мерло. Освен него во комбинација беа и Матија Мирков, тренерот на голманите на Вардар, сегашниот тренер на Тиквеш Борче Христов, и тренерот на Детонит Плачковица, Горан Здравков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

