Падна договор: Димитријевиќ денеска на прегледи и потпис со Баерн

Веќе нема никакви дилеми, Ненад Димитријевиќ го напушта Зенит и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Баерн Минхен откако двата клуба ги договориле деталите за трансферот на македонскиот интернационалец.

Најдобриот македонски кошаркар не ја криеше желбата повторно да заигра во Евролигата по ланската неуспешна авантура во Милано, а доаѓањето на Светислав Пешиќ и потрагата на Баерн по нов плејмејкер ја отвори вратата за овој трансфер да се реализира.

Како што информираат руските медиуми, Димитријевиќ веќе се збогувал со Зенит и во текот на денешниот ден ќе го напушти Санкт Петербург и ќе се упати кон Минхен, каде по деталните лекарски прегледи ќе го стави својот потпис на договорот со Баерн Минхен.

Доколку нема никакви проблеми, Димитријевиќ ќе дебитира за новиот клуб во рамките од Евролигата, на домашниот меч со Басконија закажан за 7 јануари.

Се вчитува...