Интер повторно се активираше на пазарот успевајќи да доведе нов играч за врска. Станува збор за 22-годишниот Анди Диуф, кој доаѓа од редовите на Ленс за сума од 23 милиони евра.
Поранешниот француски младински репрезентативец беше желба на „нероаѕурите“ повеќе од две седмици, се чекаше Ленс да доведе замена за него, а откако францускиот клуб го купи Сангаре од Рапид Виена, денеска и официјално беше прифатена понудата од Интер за Диуф.
Овој фудбалер важеше за еден од најголемите таленти на францускиот фудбал, но не се развиваше во посакуваниот правец откако потпиша од Базел за Ленс, како наследник на Фофана по неговиот трансфер во Ал Наср. Останува да се види дали Кристијан Киву ќе успее да го извлече најдоброто од овој талентиран фудбалер, кој може да му биде од голема помош на Интер во новата сезона.
„Нероаѕурите“ денеска се ослободија од Кристијан Аслани, кој замина на едногодишна позајмица во Торино за која Интер ќе добие 1,5 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

