По долги преговори и негирања, претставниците на Борусија Дортмунд и Арсенал конечно се договорија околу цената за Пјер Емерик Обамејанг. Британскиот медиум „Телеграф“ тврди дека „милионерите“ ја прифатија последната понуда од 60 милиони фунти плус бонуси (65 милиони евра), што претставува клупски рекорд за „топчиите“.
Обамејанг претходно ги прифати условите од Арсенал, 180.000 фунти неделна плата со важечки договор до јуни 2021 година, а со преселбата на „Емирати“ одново ќе соработува со екс-соиграчот од „Сигнал Идуна парк“, Хенрик Мхитаријан.
Оливие Жиру одби да биде дел од овој трансфер и ќе остане во Лондон, а се очекува Борусија до крајот на преодниот рок да го доведе Мичу Батшуаи од Челси, на позајмица до јуну.
28-годишниот Обамејанг за четири ипол сезони во постигна 141 гол за германскиот гигант на 213 официјални натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА