Падна договор: Екитике го засилува Ливерпул

Ливерпул ќе добие уште едно звучно засилување ова лето откако англискиот клуб ги договори сите услови за ангажман на францускиот напаѓач Хуго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.

Овој трансфер ќе го чини англискиот шампион 90 милиони евра со можност сумта да се зголеми за дополнителни пет милиони евра доколку бидат исполнети одредени услови. Франџузинот ќе добие шест годишен договор.

Ливерпул ова лето веќе ги ангажираше Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен како и Милош Керкез од Бормут. Нов член на тимот ќе биде и голманот Гиорги Мамардашвили кој направи трансфер минатото лето, но остана на позајмица во Валенсија.

Се вчитува...