Милан Шкринијар и официјално е фудбалер на Фенербахче откако турскиот клуб успеа да се договори со ПСЖ за целосен откуп на договорот на поранешниот играч на Интер.
Шкринијар ги мина последните пет месеци од ланската сезона во Фенер и беше најдобар дефанзивец во тимот на Жозе Мурињо, што беше препорака за „специјалниот“ да инсистира Словакот да остане дел од турскиот гигант.
Преговорите траеја долго, но откако ПСЖ тргна во офазива по Забарњи од Борнмут стана јасно дека Енрике повторно го има отпишано Шкринијар. На крајот, двата клуба се договорија за отштета од 10 милиони евра за 30-годишниот Словак, кој откако ги мина лекарските прегледи го стави својот потпис на договорот со Фенербахче.
Ailemize yeniden hoş geldin Milan Skriniar 💛💙 pic.twitter.com/2NilOzG5cr
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) July 31, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

