Падна договор: Фулкруг доаѓа во Милан

Слабиот напад е сериозен проблем за Милан од стартот на сезонава, а откако стана јасно дека Хименез ќе мора на операција управата се активираше и успеа да доведе нов голгетер.

Никлас Фулкруг ќе биде значајна опција за тренерот Алегри откако беа договорени сите детали околу шестмесечната позајмица на германскиот ас од редовите на Вест Хем.

Германецот беше на врвот на листата желби на Алегри, тој самиот инсистираше на преселба во Милано откако повторно не доби соодветна минутажа во Вест Хем, а денешниот состанок значеше и целосен договор за овој трансфер.

Милан ќе плати два милиони евра за позајмицата, плус ќе ја покрие платата на Фулкруг во висина од 1,5 милиони евра до крајот на сезонава. Доколку „росонерите“ се задоволни и сакаат да го откупат неговиот договор следното лето, клаузулата за откуп ќе биде во висина од 13 милиони евра.

Се вчитува...