Лацио договори уште еден трансфер откако по долги преговори конечно најде заеднички јазик со Олимпик Марсеј за ангажманот на Матео Гендузи. Францускиот играч за врска беше на врвот на листата со желби на тренерот Сари, а претседателот Лотито на крајот успеа да го договори трансферот на овој фудбалер, кој би требало да го наследи Сергеј Милинковиќ Савиќ во средниот ред на „лацијалите“.
Според постигнатиот договор, Лацио ќе плати 13 милиони евра при комплетирањето на трансферот, а на Олимпик Марсеј ќе му следат и дополнителни пет милиони евра поврзани со неколку клаузули, кои се опишани како „лесно остварливи“.
Олимпик летово инвестираше сериозно во нови засилувања и Гендузи е еден од оние кои мораа да го отстапат своето место во стартниот тим, со што стана допстапен за трансфер. Покрај тоа, екс-фудбалерот на Арсенал беше огромен трагичар во квалификациите за ЛШ, кога токму неговата грешка го елиминираше Олимпик Марсеј во дуелите со Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

