Наполи ги финишира активностите во овој преоден рок, откако италијанскиот првак по комплетирањето на трансферот на Елиф Елмас успеа да договори уште едно важно засилување.
Расмус Хојлунд најдоцна до утре ќе го комплетира трансферот од Манчестер Јунајтед во Наполи откако конечно беше постигнат целосен договор за преселбата на Данецот назад во Серија А (претходно ги бранеше боите на Аталанта). „Наполитанците“ ќе платат шест милиони евра за едногодишна позајмица, а потоа следното лето ќе мораат да го откупат неговиот договор со Јунајтед за сума од 44 милиони евра, за што единствен услов е Наполи да се пласира во ЛШ за сезоната 2026/27.
Челниците на Јунајтед дале зелено светло и Хојлунд веќе полетал за Италија, вечерва треба да ги мине лекарските прегледи во Рим, по што ќе замине на потпис со новиот клуб во Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

