Реал Мадрид успеа да осигура уште еден потпис за наредната сезона, прв откако Чаби Алонсо објави дека си заминува од Баер Леверкузен и ќе се врати назад на „Сантијаго Бернабеу“, овојпат како тренер.
Шпанскиот дефанзивец Дин Хујсен ќе биде нов играч на Реал Мадрид откако Флорентино Перез ги договори сите детали од овој траннсфер со раководството на Борнмут. Во договорот на младиот шпански дефанзивец имаше клаузула за раскин за сума од 60 милиони евра, Реал се договори оваа сума да биде исплатена на неколку рати до крајот на 2026 година, по што англискиот премиерлигаш даде зелено светло за трансферот да се реализира веднаш по завршувањето на сезонава.
Ова е исклучително важно бидејќи Хујсен со тоа ќе добие зелено светло да дебитира за Реал на претстојниот клупски мундијал што ќе се одржи од 15 јуни до 14 јули.
Останува да се види дали истото ќе биде случај и со Трент Александер Арнолд, неговиот договор е потпишан од 1 јули, но Реал веќе понудил еден милион евра за да добие зелено светло од Ливерпул за десниот бек еден месец претходно да може да настапува за „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

