Падна договор: Кансело се враќа во Барса

Барселона успеа да го доведе посакуваното засилување откако потпиша договор со Жоао Кансело, кој во следните 48 часа би требало да се пресели назад на „Камп Ноу“.

Португалскиот десен бек ја мина сезоната 2023/24 во Барселона на позајмица од Манчестер Сити, но каталонците поради финансиските проблеми не беа во можност да го откупат неговиот договор, па дефанзивецот на крајот се пресели во Ал Хилал.

Тој веќе одлучи во јануари да се врати назад во европскиот фудбал, јасно ставајќи до знаење дека враќањето во Барса му е приоритет. Интер имаше договор со Ал Хилал, но Кансело чекаше на каталонскиот гигант и конечно дочека – директорот Деко ги договори сите детали од овој трансфер и веќе нема дилема дека овој фудбалер ќе биде големо засилување за бековската позиција во вториот дел од оваа сезона.

Се вчитува...