Трансфер-сагата околу иднината на Џошуа Кимих во Баерн Минхен конечно ќе заврши откако германскиот репрезентативец постигна целосен договор за продолжување на соработката со баварскиот гигант.
Преговорите траеја нецели две години, а се чинеше дека Кимих е на излезна врата откако Баерн ја повлече последната понуда до својот капитен, потег повлечен од разочарување откако Кимих предолго размислуваше тактизирајќи и чекајќи расплет со останатите клубови кои покажуваа интерес за негов ангажман.
Германските медиуми информираат дека ситуацијата целосно се променила во текот на вчерашниот ден, откако Кимих имал директен состанок со Ули Хенес, кој го повлекол клучниот потег за напредок во преговорите. Сите детали се договорени, новиот договор на Кимих ќе биде со важност до јуни 2029 година, а се очекува официјална потврда до крајот на оваа седмица.
Баерн со тоа заврши три клучни активности уште пред завршувањето на оваа сезона, „врзувајќи“ го Дејвис, Мусиала и Кимих на долгорочни договори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

