Јувентус успеа да го задржи Франциско Консеисао во своите редови откако „старата дама“ конечно најде заеднички јазик со Порто за целосен откуп на договорот на португалскиот репрезентативец.
Италијанскиот гигант минатото лето плати 10 милиони евра за едногодишна позајмица на Консеисао, со клаузула за откуп во висина од 30 милиони евра. Јувентус беше подготвен да ја плати оваа сума, но долго преговараше за истата да биде поделена на што повеќе годишни рати. На крајот – португалскиот гигант се согласи сумата да биде поделена на четири рати, по што беа отстранети сите дилеми околу иднината на Консеисао.
Португалецот беше стандарден првотимец откако Игор Тудор пристигна на клупата на „старата дама“ и токму хрватскиот стратег инсистираше кај управата за негово останување во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

