Белгискиот фудбалски интернационалец Ромелу Лукаку и дефинивитно се враќа во редовите на Интер, откако ги договори условите со клубот од Милано.
Интер успеа да се договори со Челси, Белгиецот да дојде на „Џузепе Меаца“ на позајмица која ќе чини осум милиони евра плус бонуси.
Тој дури прифатил и намалување на платата со која ќе заработува „скромни“ 8,5 милиони евра по сезона. Лукаку од 2019 до 2021 година настапуваше во Интер тим за кој на 72 натпревари постигна 47 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА