Раководството на Македонската кошаркарска федерација на дебата со претставниците на прволигашките клубови го изнесе својот предлог, што треба да биде официјално потврден со дописно Собрание, за намалување на бројот на странските кошаркари за наредната сезона, како и следните неколку сезони.
Странците во секој тим треба да бидат намалени од шест на четири, со цел да се подобри квалитетот на македонските кошаркари и да се зголеми минутажата кои истите ја имаат во клубовите. Исто така, ќе има и зголемување на бројот на македонски кошаркари на теренот во секој момент од натпреварот.
По неколку мали модификации, финалниот предлог кој МКФ ќе го достави кон дописно Собрание ќе гласи:
За сезоната 2018/2019 бројот на странци се намалува на 4 со задолжителен број на тројца Македонци во игра до Супер Лига и двајца во понатамошниот тек на првенството (Супер лига и плејоф и плејаут).
За сезоната 2019/2020 4 странци во екипа и тројца Македонци во игра до полуфиналната серија од Плејофот.
Од наредната сезона 2020/2021 4 странци со тројца Македонци во игра во текот на целото првенство.
Ова е само еден од чекорите што раководството на МКФ ги предвидува да ги преземе во иднина за зголемување на квалитетот на македонските кошаркари и давање поголема доверба и минутажа од клубовите.
За во идниот месец се планира промена и кај Второлигашите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА