Хари Мегваер долго важеше за најголемо трансфер-промашување на Манчестер Јунајтед, но искусниот дефанзивец се препороди во последните месеци, особено откако Мајкл Керик пристигна на клупата на „црвените ѓаволи“.
Тоа беше препорака за и раководството на клубот да седне на маса со својот капитен и да не дозволи тој да си змаине од клубот по истекот на актуелниот договор, на крајот од оваа сезона. Керик не крие дека на Мегваер гледа како на еден од клучните играчи, не само на теренот туку и надвор од него, па челниците сторија се за да ја исполнат оваа желба на младиот стратег, кој наскоро би требало да потпише и перманентен договор за да продолжи да го води Јунајтед и во следната сезона.
Самиот Мегваер никогаш не ја криеше желбата да остане на „Олд Трафорд“, па без размислување ја прифатил понудата за нов договор. Со тој потпис, англискиот репрезентативец ќе остане уште една сезона во Јунајтед, а клубот ќе има можност преку клаузула да го задржи Мегваер во Манчестер и до јуни 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

