Алваро Мората стигна до титулата европски шампион како капитен на Шпанија, а искусниот голгетер сега ќе направи и трансфер на клупски план, откако веќе јавно ги критикуваше челниците на Атлетико Мадрид за недоволната почит што му ја искажуваат.
Милан ќе биде новиот клуб на Мората, откако „росонерите“ конечно го убедија овој играч да се врати назад во Калчо-лигата, каде своевремено со успех ги бранеше боите на Јувентус. Голгетерот најпрвин сакаше да остане и да се бори за првотимски статус, но по последните критики од шпанската јавност за време на ЕВРО 2024 сепак реши да си замине од Ла Лига и да се врати на Апенинскиот полуостров.
Преговорите меѓу клубовите нема да бидат проблем бидејќи Мората има клаузула од 13 милиони евра што „росонерите“ ќе ја активираат, по што Шпанецот ќе потпише четиригодишен договор со новата екипа.
Тој ќе го заземе местото на Оливие Жиру во нападот на „росонерите“, откако францускиот ветеран летово си замина од „Сан Сиро“ за кариерата да ја продолжи во американската МЛС-лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА