Падна договор: Надал е нов тренер на Александар Зверев

Шпанецот Тони Надал ќе биде новиот тренер на германскиот тенисер со руско потекло, Александар Зверев, најдобро рангираниот тенисер без освоен трофеј на грен-слем.

Дваесетиосумгодишниот тенисер не игра во претпознатливата форма, а по изненадувачкиот пораз во првото коло на Вимблдон од страна на Артур Риндеркнеш се одлучи за промена во стручниот штаб и веќе е виден како тренира во академијата на Рафаел Надал.

Изборот падна на вујкото на Рафаел Надал, Тони кој му беше тренер и на легендарниот шпански тенисер во минатото. Покрај на внукот, сега 61-годишниот тренер беше дел и од штабот на франзускиот тенисер Феликс Оже-Алијасим.

Се вчитува...