Јулијан Нагелсман ќе биде новиот селектор на Германија откако младиот стратег постигнал договор со елниците на федерацијата за на чело на националниот тим да го наследи Ханси Флик, кој доби отказ по срамниот пораз од Јапонија пред десетина дена.
Преговорите се интензивираа откако Баерн Минхен објави дека нема да бара отштета за тренерот кој се уште беше под договор со баварскиот гигант. Челниците на федерацијата седнаа на маса со Нагелсман, кој имаше загарантирани 20 милиони евра од договор со Баерн, но се согласи да си замине и за помала плата да почне со работа со националниот тим.
Перспективниот стратег ќе потпише тригодишен договор, така што ќе ја води Германија на ЕП 2024 на домашен терен, но потоа ќе има време за дополнителен напредок на репрезентацијата се до СП 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

