Падна договор: Нејмар кажа ДА за камбек во Сантош

Нејмар е подготвен за враќање дома, откако бразилскиот голгетер се договори на 32-годишна возраст да се врати во татковината, и тоа во редовите на Сантош, клуб во кој Нејмар ја лансираше својата блескава кариера.

Напаѓачот ја мина младинската школа на Сантош, во 2009 дебитираше за овој клуб, собирајќи 177 натпревари на кои постигна вкупно 107 погодоци пред да се пресели во Барселона. Нејмар веќе ги договорил личните услови со раководството на Сантош и сега останува само уште да се договорат деталите околу заминувањето од Ал Хилал, со предвремен раскин на договорот што истекува во јуни 2025 година.

Тој дојде како големо засилување од ПСЖ, но следеше тешка повреда на коленото која го оддалечи Нејмар од терените речиси цела календарска година. Бразилецот неодамна го имаше својот камбек, но следеше нова повреда, по која паузата би требало да изнесува до крајот на годинава.

Во Ал Хилал не го кријат разочарувањето што најскапото засилување речиси и да не заигра за овој клуб, па подготвени се да дозволат предвремен раскин и да отворат место во буџетот за ново суперзасилување во летниот преоден рок (се шпекулира со имињата на Мохамед Салах и Кевин де Бруине).

Се вчитува...