Горан Пандев и дефинитивно ќе продолжи со настапите во дресот на Џенова, откако ги прифати понудените услови за продолжување на соработката со овој клуб за уште една сезона.
Одличните настапи во вториот дел од сезоната беа доволна препорака за челниците на Џенова да му понудат нов договор на Македонецот, кој иако имаше уште неколку понуди сепак реши да не ја менува средината, туку да се обврзе на верност кон својот сегашен клуб.
Според италијанските медиуми, веќе се договорени сите детали, а договорот официјално ќе биде потпишан пред официјалниот крај на сезоната во Серија А.
Комерцијално видео
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА