Падна договор: Петрушев има нов клуб во Евролигата

Филип Петрушев во следните денови конечно ќе се пресели во нов клуб, со што ќе заврши една од сагите на евролигашката сцена. Српскиот центар беше блиску до останување во Црвена Звезда, но во последен момент се премисли и почна да разгледува други опции на пазарот, за на крајот да заврши во Дубаи.

Токму новиот евролигаш му понудил најдобри услови на српскиот репрезентативец, кој доцна синоќа ги договори деталите за тригодишна соработка и ќе се приклучи на тимот што ќе го предводи Јурица Големац.

Петрушев се уште е под договор со Олимпијакос, а грачкиот тим ќе добие 1,1 милион евра како отштета од овој трансфер.

Со тоа, Дубаи ќе продолжи со составувањето на силна екипа, ако се знае дека претходно потпиша договори и со Кабенгеле, потоа со со Џанан Муса, Џастин Андерсон, Двејн Бејкон, Мам Жаите, Алекса Аврамовиќ, Кенан Камењаш и МВП-кошаркарот од последната сезона во АБА-лигата, Американецот Мекинли Рајт.

Се вчитува...