Падна договор: Пиоли ќе му биде тренер на Кристијано Роналдо

Стефано Пиоли летово ја заврши авантурата како предводник на Милан, но тренерот што им донесе едно скудето на „росонерите“ експресно ќе најде нов ангажман.

Саудиска Арабија ќе биде следната дестинација во кариерата на Пиоли, откако овој стручњак веќе ги договорил условите за соработка со Ал Наср. Италијанецот пред два месеца беше многу блиску до договор со Ал Итихад, трансферот пропадна буквално во „пет до дванаесет“, но реномето што го има Пиоли придонесе тој да остане високо на листата со желби на гигантот од Саудиска Арабија.

Ал Наср загуби од Ал Хилал во Супер-купот на Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо беше видно незадоволен, а челниците на клубот решија да направат нова промена на клупата, каде моментно седи Португалецот Кастро. Дилемата е дали тој да биде сменет пред дербито со Ал Ахли во следното коло, а најавите велат дека Пиоли инсистирал тој меч да заврши, па потоа да се пресели на клупата на Ал Наср.

Се вчитува...