Падна договор: Првото засилување на Манчестер Сити во 2025 доаѓа од Узбекистан

Манчестер Сити ќе го комплетира првиот трансфер во 2025 година, откако актуелниот првак на Англија постигна целосен договор со Ленс за ангажман на Абдукодир Хусанов.

Станува збор за дефанзивец кој е репрезентативец на Узбекистан, 20-годишен играч кој ќе стане прв играч од оваа земја што ќе заигра во Премиер-лигата. Со овој трансфер, Узбекистан ќе стане 119. држава во историјата со најмалку еден фудбалер што настапувал во елитното англиско фудбалско друштво.

Преговорите траеја неколку седмици, најпрвин Хусанов ја прифати понудата на Сити за договор на четири и пол сезони, по што се интенвизираа разговорите меѓу клубовите. Ленс вечерва ја прифати најновата понуда на Манчестер Сити во висина од 40 милиони евра, плус десет милиони евра преку неколку клаузули, по што дефанзивецот ќе треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор, па да чека добивање работна дозвола за дефинитивно да му се стави на располагање на Пеп Гвардиола.

Се вчитува...