Сагата околу иднината на Маркус Рашфорд конечно ќе финишира утре, кога се очекува поранешниот англиски репрезентативец да си замине од Манчестер јунајтед и да замине на позајмица во редовите на Астон Вила.
Астон Вила го продаде Дуран во Ал Наср, по што веднаш тргна во потрага по нов голгетер, со Рашфорд на врвот на листата со желби на Унаи Емери. Преговорите вродија со плод, па некогашната премиерлигашка ѕвезда ги прифатила понудените услови. За утре е закажана последна средба меѓу управите на Вила и на Манчестер Јунајтед на која ќе бидат договорени последните детали за шестмесечната позајмица.
Рашфорд е најплатен фудбалер на Јунајтед оваа сезона, а Астон Вила е подготвена да покрие само половина од неговата заработувачка, што значи дека „црвените ѓаволи“ ќе мора да плаќаат богатство на голгетерот додека тој ќе игра за друг клуб.
Едно е сигурно, сите во Јунајтед настојуваат Рашфорд што поскоро да си замине, по честите конфликти со тренерот Аморим кој неодамна жестоко го критикуваше голгетерот изјавувајќи дека попрво би го ставил својот тренер на голманите во игра отколку да му даде шанса на Маркус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА