Веќе нема никакви дилеми, Војчех Шчесни ќе биде нов голман на Барселона откако полскиот ветеран реши да ја прекине пензијата за да му се врати на фудбалот.
Каталонците беа во потрага по нов голман по повредата на Тер Штеген, до јануари можат да доведат само фудбалери кои се без договор со други клубови и се слободни на пазарот. Шчесни пред еден месец објави дека заминува во пензија откако Јувентус донесе нов чувар на мрежата како прва опција за новиот тренер Мота.
Пресудно беше ветувањето дека Полјакот ќе биде прв голман на Барса до стартот на сезонава бидејќи тој јасно ставил до знаење дека не планира да дојде за да биде резерва, па откако добил ветување од тренерот Флик и од директорот Деко, Шчесни експресно ги договорил личните услови.
Лекарските прегледи ќе бидат закажани најдоцна до петок, по што полскиот ветеран до крајот на оваа седмица и официјално ќе потпише едногодишен договор со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА