Барселона синоќа беше елиминирана од Монако од Евролигата, а веќе денеска стигнуваат информации за старт на најавениот ремонт во играчкиот кадар на каталонскиот гигант.
Осигуран е и првиот значаен потпис, па така нов член на Барса од летово ќе биде Токо Шенгелија, 33-годишниот Грузиец кој важи за еден од најдобрите крилни центри во Евролигата. Шенгелија две сезони ги брани боите на Виртус Болоња, годинава има просек од 15,6 поени и 5 скокови во Евролигата со италијанскиот клуб, но „болоњезите“ повторно имаат проблеми со финансиите што е причина тој летово да ги менува клупските бои.
Барса го следеше Шенгелија и кога настапуваше за Басконија и кога беше член на ЦСКА (2020-22), трансферот тогаш не се реализираше, но овојпат се договорени сите детали за тригодишна соработка што ќе стартува од јули 2025 година.
Бидејќи ќе стигне како слободен играч по истекот на договорот со Виртус, Барса нема да плати никаква отштета, а Шенгелија ќе има плата од три милиони евра по сезона во каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

