Борусија Дортмунд нема да успее во намерата да го откупи Јан Матсен од Челси, откако „милионерите“ решија да не ја активираат клаузулата, туку да влезат во преговори со Челси за одличниот лев бек кој импресионираше по позајмицата во Дортмунд во вториот дел од сезоната.
Германскиот клуб преговараше десетина дена, но ќе остане со празни раце откако Астон Вила влезе во трката и експресно ги договори сите детали со Челси. „Сините“ се принудени да продаваат до крајот на овој месец за да не добијат казна за прекршување на финансикиот ферплеј, поради што преговорите со Астон Вила се одвиваа експресно. Понудата од вкупно 35 милиони фунти беше прифатена од страна на Челси, по што Вила разговараше и со самиот фудбалер, кој ги договори условите за шестгодишен договор со клубот од Бирмингем.
Позитивните преговори за холандскиот лев бек би требало да придонесат за реализација на уште еден трансфер меѓу овие клубови. Челси покажува сериозен интерес за резервниот напаѓач Јон Дуран од Астон Вила, па се очекува Унаи Емери да даде зелено светло за овој трансфер, вреден околу 20 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА