Оле Гунар Солскјер и дефинитивно е победник во трката за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, откако норвешкиот стратег ги договорил деталите околу соработката, целосно прифаќајќи ја понудата со важност до крајот на оваа календарска сезона.
Всушност, тоа и беше клучно барање на управата на Јунајтед која сакаше да добие на време во потрагата по пермнанентен наследник на Рубен Аморим. Во игра во изминатите денови беа Солскјер и Карик, беа водени разговори со двајцата, по што изборот паднал врз норешкиот стратег. Тој прифатил плата од 50.000 фунти неделно што е далеку под сумата што ја заработуваше Аморим, јасно ставајќи до знаење дека парите не му се приоритет при враќањето на „Олд Трафорд“.
Во договорот има и клаузула според која овој стручњак ќе добие бонус од четири милиони фунти доколку успее да го одведе Манчестер Јунајтед до место кое води во Лигата на Шампионите за следната сезона.
Англиските медиуми јавуваат дека сите детали се договорени, но дека официјализацијата речиси сигурно нема да се случи денеска, бидејќи Солскјер заминал за Норвешка за да присуствува на погребот на поранешниот селектор Аге Хареиде.
Ова ќе претставува камбек на Норвежанецот на клупата на „Олд Трафорд“. Претходно, тој пристигна во декември 2018 како привремен тренер по заминувањето на Жозе Мурињо и останаа на оваа функција до 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

