Падна договор: Тотенхем го носи првото супер-засилување

Тотенхем конечно ќе донесе врвно засилување по вкусот на новиот тренер Томас Френк откако „спарси“ успешно ги завршија преговорите со Вест Хем за ангажманот на Мохамед Кудус.

Репрезентативецот на Гана беше главна желба на Френк како идеално освежување за навалната линија, а данскиот стратег успеа да го убеди самиот фудбалер да им се приклучи на „спарси“, по што следеше потешкиот дел од задачата – да биде најден заеднички јазик со Вест Хем.

„Чеканите“ минатата седмица ја одбија понудата од 50 милиони фунти, но преговорите продолжија и на крајот беше постигнат договор за трансфер од вкупни 55 милиони фунти. Кудус веќе ги има договорено личните услови за шестгодишен договор со Тотенхем, што ќе биде потпишан откако овој фудбалер ќе ги мине лекарските прегледи во новиот клуб (закажани за утре).

Се вчитува...