Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида е пред трансфер во Ливерпул, информираат медиумите на Островот. Раководството на „црвените“ му понуди двегодишен договор на дефанзивецот кој одигра одлично на Светското првенство во Русија, а тој прифатил да се пресели на „Енфилд роуд“. Останува сега Ливерпул да ја исплати сумата од 22 милиони фунти на турскиот клуб Бешикташ како отштета за ангажман на Хрватот.
Со ова, Јирген Клоп ќе го комплетира хрватскиот репрезентативен тандем Ловрен – Вида во одбраната, а на голот ќе застане Бразилецот Алисон Бекер. Токму дефанзивната линија беше најпроблематичниот дел од составот на Ливерпул, а во новата сезона ќе добие сосема нов лик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА