„Падна“ договор: Влаховиќ во Баерн бесплатно од идното лето

Српскиот голгетер Душан Влаховиќ е многу блиску да потпише за Баерн Минхен уште на почетокот на идната година, а од следната сезона да биде дел од таборот на „Баварците“.

На германскиот првак му е јасно дека Хари Кејн нема да игра уште долго во таборот на тимот од Минхен, со оглед дека следната година веќе ќе наполни 33 години, а згора на тоа на Баерн му треба уште еден напаѓач кога Англичанецот нема да биде во комбинација.

Влаховиќ веќе неколку преодни рока беше пред заминување од Јувентус, особено ова лето кога се претпоставуваше дека дефинитивно ќе заврши со тимот од Торино, меѓутоа на крајот остана, и во моментов е еден од најдобрите играчи на „Бјанконерите“.

Се вчитува...