Падна договор: Зидан на чело на Франција после Мундијалот

Поранешниот прославен фудбалер Зинедин Зидан, дефинитивно во 2026 година се враќа на тренерската работа после пет години пауза, откако падна договор да ја води француската репрезентација после Мундијалот во 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Без разлика на исходот на „триколорите“ на тој Мундијал, Дешамп ќе си замине од клупата, а него ќе го наследи Зидан. Зидан првиот и последниот ангажман го имаше како тренер на Реал Мадрид во 2021 година кога се врати на кормилото на „кралевите“.

Претходно беше тренер на Б тимот на Реал Мадрид, а по заминувањето од „Сантијаго Бернабеу“ пред четири години, беше поврзуван со многу клубови, но не прифати ниту една понуда, и ја чекаше шансата да биде селектор на Франција со која како играч ги освои Светското и Европското првенство во 1998 и во 2000 година.

Се вчитува...