Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на Франција. Фудбалскот инсајдер Фабрицио Романо повтори дека Зидан се договорил за сите услови со Француската фудбалска федерација и дека практично сè е усно завршено, додека потпишувањето ќе следи во текот на летото.
Дидие Дешан ќе ја предводи Франција на Светското првенство во 2026 година, завршувајќи го своето неверојатно патување кое траеше 14 години.
Дешан ја презеде Франција во летото 2012 година, го освои Светското првенство во Русија 2018 година, загуби две големи финалиња, на Европското првенство 2016 против Португалија и на Светското првенство 2022 во Катар.
Што се однесува до Зидан, ова ќе биде негова прва работа откако го напушти Реал Мадрид по вториот мандат.
Зидан го водеше Реал во два наврати, од јануари 2016 до летото 2018 година, а во тој период освои дури три титули во Лигата на шампионите, а потоа се врати во март 2019 година и остана на клупата до летото 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

