Нема веќе непоразени екипи во Премиер – лигата. Падна и митот за непобедливоста на Манчестер сити, а за тоа се заслужни фудбалерите на Ливерпул кои ги совладаа „граѓаните“ со 4-3 на својот „Енфилд роуд“. Со овие важни три бода, тие се израмнија со Манчестер јунајтед и стигнаа до 47, иако „црвените ѓаволи“ имаат одиграно еден меч помалку.
Окслејд – Чембрлен го најави триумфот на Ливерпул, но Лирој Сане израмни пред крајот на првото полувреме по една одлична соло акција.
Но, Ливерпул имаше фуриозен втор дел. Фирмино во 59.минута повторно донесе водство за домашниот тим, а Мане само две минути подоцна зголеми и на 3-1. Подоцна во листата на стрелците се запиша и Мохамед Салах, по што беше јасно дека ќе биде тоа прв пораз на Манчестер сити во Премиер – лигата.
До крајот, Бернардо Силва и Гундоган намалија на 4-3, но, сепак, триумфот му припадна на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА