ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Одлична атмосфера владее меѓу македонските ракометари по фантастичниот старт и трите натпревари без пораз. Како што паѓаат противниците, паѓаат и нови облози.
Синоќа, нов имиџ „на нула“ добија Филип Кузмановски и Дејан Манасков, во друштво на Столе Стоилов. За првото место во загрепската група. Ама како тргнала работа, „Столе бербер“ ќе има работа и во Вараждин.
„Сега на ред се Ацо Јоноски и Кире Лазаров. Ако стигнеме до полуфинале ќе го „стрижиме“ капитенот. Таков е договорот. Нека победуваме, сите ќе се „истрижиме“ ако треба“ – го опиша „стајлингот“ по битолски, Филип Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА