Падна нов рекорд на УС Опен

Американката Шелби Роџерс ја победи Австралијанката Дарија Гаврилова испиша нови странции во историјата на американскиот гран-слем. Шелби по напорната борба во три сета (7-6, 4-6, 7-6) избори пласман во третото коло на УС Опен. Но, дури по завршувањето на мечот таа дозна и дека станала нова рекордерка во Њујорк. Роџерс и Гаврилова на теренот беа три часа и 53 минути што е најдолг меч одигран досега во историјата на УС Опен во женска конкуренција.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Џоана Конта и Гарбине Мугуруза. Британката во 2015 година, исто така  во второто коло ја победи Шпанката во три сета, а за тоа и беа потребни два часа и 23 минути.

„Немам чувство дека ова беше толку долг меч, најдолг во историјата на УС Опен, но најверојатно брзо ќе го почувствувам тоа, кога ќе почнат болките во мускулите“ – изјави Роџерс.

За разлика од Роџерс која со солзи ја прослави победата, Гаврилова изјави дека за неа ова е „горчлив“ рекорд.

„Емоциите ми се измешани по поразот. Излегува дека сум играла три и пол часа за ништо…Не се чувствувам баш најдобро. Се борев на теренот и да победев сигурно ќе бев многу погорда на оваа битка која влегува во историјата на турнирот“ – рече Гаврилова која моментно е на 20. позиција на ВТА листата.

Во машка конкуренција, најдолгиот меч на УС Опен е одигран во 1992 година кога Штефан Едберг го победи Мајкл Чанг со 6-7, 7-5, 7-6, 5-7, 6-4 после пет часа и 26 минути игра.

Се вчитува...