Падна одлука: Денеска е денот „Д“ за Чаби Алонсо, веќе е избран и наследникот

Чаби Алонсо е на тенок мраз во Реал Мадрид, а гласините за негова замена се се погласни. Сигурни извори од Мадрид тврдат дека Флорентино Перез решил дека во случај на лош резултат против Алавес на гостински терен, Чаби Алонсо повеќе нема да седи на клупата, а ќе биде заменет од Алваро Арбелоа.

Тренерот на Реал Кастиља, вториот тим на Мадрид, е единственото логично решение во овој момент, ако се земе предвид дека другите великани кои се слободни – Зинедин Зидан и Јирген Клоп се недостапни, односно не сакаат да го наследат Чаби Алонсо.

Алваро Арбелоа е човек од клубот, тој беше долгогодишен член на првиот тим од 2009 до 2016 година, а неговата тренерска работа во вториот тим е исклучително ценета. 

Арбелоа беше споменат претходно како потенцијално преодно решение, односно дека ќе добие шанса да ја турне сезоната напред, а потоа на лето ќе се одлучува за нов предводник. 

Да потсетиме, по поразот од Манчестер Сити, играчите на Реал Мадрид јавно признаа дека се со Чаби Алонсо, ја презедоа одговорноста за пониските резултати и полошата игра, а факт е дека ќе мора да го остават егото настрана и да се прилагодат на тренер кој тактички е многу барачки.

Се вчитува...